Connect with us

Политика

Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати

Денес сме должни да ја поставиме целосната слика, а не само дел од неа. И затоа изминатите денови директно, со докази, покажавме која е разликата помеѓу нас и другите. Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени, со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени.

Тогаш, заедно со синдикатите, поднесовме над 40 амандмани и го спречивме тој обид.

Не дозволивме минималната плата да биде отстранета од системот. Тоа е причината зошто денес, кога расте минималната плата, растат и другите примања.

Разликата денеска е суштинска.

По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори.

Во општините платите се зголемени во просек за речиси 5.000 денари.

Во основното и во средното образование обезбедивме раст од 46 до 60 % во четиригодишен период.

Во високото образование зголемувањето е минимум 14 %.

Во здравството – од 40 до 50 % во еден мандат.

Полициските службеници добија 10 %, социјалните работници 20 %, а речиси 11.000 административци, судски и обвинителски службеници имаат гарантирано покачување од 40 % до 2028 година.

Сите колективни договори се почитувани. Платите се исплаќаат редовно.

Инфлацијата е стабилизирана од двоцифрени стапки на едноцифрена стапка на инфлација.

Ова се системски решенија, не се импровизации.

Оваа Влада вака го реализира договорот со работниците.

Ние не бегаме од дијалог за минималната плата, но решенијата мора да се носат институционално – во Економско-социјалниот совет, со одржлив пристап, што ги штити и економијата и буџетот.

Кога сме во опозиција – спречуваме штета.

Кога сме на власт – обезбедуваме раст.

Работниците заслужуваат сигурност, договор што важи и политика што носи резултати.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3