Connect with us

Хроника

Скопјанец возел иако имал забрана, полицијата го лишила од слобода и му го одзела возилото во Неготино

Скопјанец возел иако имал забрана, полицијата го лишила од слобода и му го одзела возилото во Неготино, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 20:45 часот на булеварот Маршал Тито во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ј.(43) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал со забрана за управување на возило за Б категорија, појаснија од СВР – Велес.

Оттаму додадоа дека по насоки на јавен обвинител возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2