Connect with us

Забава

Писмото на Елизабета II ќе биде понудено на аукција во Пеншурст

Писмо што како дете го напишала Елизабета II ќе биде понудено на аукција во Пеншурст, југоисточна Англија, а се очекува да достигне цена до 4.000 фунти (4.680 евра).

„Писмото, упатено до Беатрис Стилмен, главната куќна помошничка во кралската резиденција во Виндзор, содржи цртежи од кучиња, коњи и деца, како и прашање дали „птиците се добро и дали златните рипки не угинале“, пренесува Еј- би-си.

Според аукциската куќа „Хеншос Окшонирс“ (Henshaws Auctioneers), принцезата Елизабета II писмото го напишала на свои десет/ дванаесет години. Џастин Метјуз, вработен во аукциската куќа и задолжен за продажба на писмото во Пеншурст, изјави дека за 27 години работа никогаш не видел нешто толку убаво.

Кралското писмо ќе биде понудено за продажба на 27 февруари. Во него се спомнуваат цвеќињата што ги набрала кралицата. Желбата ѝ била тие да бидат поделени на персоналот во кралската вила. Слични ракописи се најдени и наменети за Стилмен. По еден трагичен настан, Стилмен била поканета заедно со семејството да престојува во дворецот. Писмата биле пронајдени по нејзината смрт во  2024 година од страна на нејзиниот внук Вилијам Вестакот.

– Знаевме дека писмата постојат, но да ги читаме во живо беше навистина посебен и возбудлив момент – изјавил Вестакот. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3