Connect with us

Култура

Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба

Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), комедијата „Кец на десетка“, вечерва, во 20 часот, ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба.
 
– Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам освојувајќи ја публиката одново. Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената, настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан/Софија Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ. Секоја изведба создава прецизна, искрена и непосредна комуникација со публиката, која е активен дел од заедничкото доживување. Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката произлегуваат од вешто обликуваниот текст на Митко Бојаџиски и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои на претставата ѝ даваат препознатлив печат и автентичен сценски шарм – наведува МНТ.
 
Како што оценува МНТ, овој јубилеј потврдува дека „Кец на десетка“ е претстава со долготрајна сценска вредност и постојан интерес од публиката.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3