Connect with us

Сцена

Ќерката на Томи Ли Џонс почина од предозирање со кокаин

Викториja Џонс, ќерката на актерот Томи Ли Џонс, почина поради „токсични ефекти од кокаин“, соопшти канцеларијата на главниот медицински истрaжувач за „Фокс њуз“ (Fox News). Начинот на смртта е прогласен за „несреќен случај“.

Таа била пронајдена мртва на 1 јануари во хотелот „Фремонт“ (Fremont Hotel) во Сан Франциско. Аудиозапис од повикот до итната помош покажува дека, најверојатно, се предозирала со дрога. Пожарната служба потврди дека екипите одговориле на повикот околу 2.52 наутро за итна медицинска ситуација. Повикот бил класифициран под „шифра 3 за предозирање, промена на боја“. Кога била потврдена смрт, нејзиното семејство јавно замолило да се почитува нивната жалост. 

Во текот на животот, освен што имаше неколку помали улоги, Викториja се појави и во неколку филмови: „Мажи во црно“ (Men in Black ) и „Трите погребувања на Мелкијадес Естрада“ (The Three Burials of Melquiades Estrada), како и во една епизода од серијата „Еден дрвен рид“ (One Tree Hill). Последната улога ѝ била во филмот „Јавачот“ (The Horseman) од 2014 година, режиран од татко ѝ. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4