Свет
Зеленски потпиша указ со кој се воведуваат санкции кон белорускиот претседател
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша указ за воведување санкции кон белорускиот претседател Александар Лукашенко поради „неговата помош за Русија во војната против Украина“.
Санкциите против Лукашенко вклучуваат економски мерки, како и забрана за влез во Украина.
Зеленски наведе дека во втората половина од 2025 година Русија распоредиле систем на релејни станици за контрола на беспилотни летала на територијата на Белорусија, што ја зголемило способноста на руската армија да ги напаѓа северните региони на Украина.
– Повеќе од 3.000 белоруски компании се ставени во служба на руската армија и испорачуваат машини, опрема и компоненти категоризирани како критично важни – истакна Зеленски.
Тој посочи и дека се развива и инфраструктурата за распоредување на ракети со среден дострел Орешник на територијата на Белорусија. Според Зеленски тоа не е закана само за Украина, туку и за Европа.
февруари 18, 2026

