Connect with us

Свет

Воена вежба на НАТО на балтичкиот брег на Германија

НАТО денеска ќе спроведе воена десантна вежба на балтичкиот брег на Германија. Маневрите се дел од тековната голема вежба на Северноатлантскиот сојуз – „Непоколеблива стрела“.

Војниците, оружјето и опремата ќе бидат префрлени на копно по преминувањето на морето преку воениот полигон Путлос во Шлезвиг-Холштајн.

Вежбата, во која ќе учествуваат 15-ина брода и 2.600 војници, ќе биде набљудувана од германскиот министер за одбрана Борис Писториус и генералот на НАТО, Инго Герхарц.

Герхарц е командант на Здружената команда на сојузниците во Брунсум, Холандија, која е одговорна за одбраната на централна Европа, од Атлантскиот Океан до источната граница на НАТО.

Во воената „Непоколеблива стрела“ учествуваат 17 брода од 13 земји, над 1.500 возила и речиси 10.000 војници од Италија, Шпанија, Грција и Турција.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2