Хроника
Три пожари утрово во Струмица и околината – интервенираа пожарникарите од Струмица и Берово
Струмичките пожарникари утрово гаснеа три пожари на различни локации во градот и околината.
Како што информираа од ТППЕ Струмица првиот пожар избувнал во 7 часот во викендичка во излетничкото место Суви Лаки, а во гаснењето на пожарот учествувале и пожарникари од ТППЕ Берово, односно пожарот го гаснеле вкупно осум пожарникари и две против пожарни возила.
Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, благодарение на добрата изолација на викендичката, пожарот не се проширил и е навреме изгаснат.
Веднаш по овој пожар, во 08:12 часот на улица „Бетовенова“ во Струмица, било пријаевно дека гори куќа, а во гаснењето учествувале три против пожарни возила и 8 пожарникари.
Поледната интервенција на струмичките пожарникари утрово била во село Муртино каде интервенирале на запален оџак со 1 возило и 4 пожарникари.
Во трите пожари е предизвика поголема материјална штета.
февруари 18, 2026

