Забава
Старешина на манастирот Камадоли со порака до монасите: Избегнувајте Нетфликс и социјални мрежи
Старешина на италијанскиот манастир Камалдоли (Camaldoli) во Тоскана им порача на монасите да се дистанцираат од социјалните мрежи и да престанат да гледаат филмови на интернет, нагласувајќи дека нивните ќелии се наменети за молитва и духовна тишина, а не за стриминг-платформи како Нетфликс.
Матео Ферари во писмо објавено на Фејсбук оцени дека мобилните телефони и интернетот создаваат зависност и претставуваат сериозен предизвик за монашкиот живот.
-Не можеме да се преправаме дека проблемот не постои, напиша тој, додавајќи дека Инстаграм, ТикТок и онлајн-филмовите се пречка за духовната дисциплина и повлеченоста што ја бара животот во манастир.
Во изјава за медиумите, Ферари појасни дека неговата намера не била да укори, туку да поттикне размислување кај заедницата, особено во време кога интернетот е дел од секојдневието. Манастирот Камалдоли се наоѓа во шумска област во национален парк и во него живеат девет монаси. Според него, просторот е создаден за молитва, читање свети книги и внатрешен мир.
-Ако ќелијата стане кино-сала, каде е нашата вера и смислата на монашкиот живот?, праша тој, предупредувајќи дека постои опасност монасите да станат „љубители на филмот“ наместо луѓе посветени на Бог.
Според предходниот поглавар на Римокатоличката црква Пепе Францис, интернетот може да се користи само за учење и комуникација. Да се избегнат содржините што можат да предизвикаат зависност.
февруари 18, 2026

