Connect with us

Општини

Национална стратегија за зоолошките градини презентирана во Битола

Јавната општинска установа „Зоолошка градина“ Битола приреди презентација на Национална стратегија за зоолошки градини, која е  изработена со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што посочи професорот Мирослав Ќосевски од Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, главната цел на стратегијата е да се создаде план за развој на зоолошките градини.

-Самата стратегија е насочена кон создавање интегриран пристап во развивањето на зоолошките градини. Главната идеја и насока е да се имплементира европската регулатива во однос на ЗОО директивата, а покрај тоа да се постигне и едно повисоко ниво и повисоки стандарди на одгледување и грижа за животните и промоција на природата, заштитата на биодиверзитетот и градење на една едукативна и јавна свест, нагласи универзитетскиот професор Ќосевски.

Јавна поддршка на плановите за развој на зоолошките градини на презентацијата во Битола искажа градоначалникот Тони Коњановски и потсети дека на вториот повик на Владата општината аплицираше и и беше одобрен проектот за изградба на терариум и објект за копитари. 

-Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.6 милииони денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.9 милиони денари. Овие инвестиции се дел од заложбите на Општина Битола за подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање современ простор за животните и овозможување поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители, истана градоначалмникот Коњановски. 

На презентацијата учествуваа експерти од градот и државата, како претставници на граѓанскиот сектор.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2