Свет
На Антарктикот се шири опасен сој на птичји грип
Научниците предупредуваат на ширење сој на птичји грип на Антарктикот, кој е во состојба да убие дури 100 проценти од фауната.
Научникот од Чиле, Виктор Неира, и неговите соработници опасниот сој го открија уште во 2024 година кај пет птици арктичка вртимушка, кои личат на галеби. Оттогаш вирусот се прошири и на другите видови по должината на 900-километарскиот брег.
За време на неодамнешната експедиција на Антарктикот откриени се нови случаи помеѓу антарктичките корморани, анделиските пингвини, жолтоногите пингвини и антарктичките фоки.
– Вирусот целосно се прошири во целиот антарктички регион, односно во делот во кој сме во можност да го спроведеме нашето истражување. Оваа болест може да убие до 100 проценти од птиците за краток временски период. На пример, за еден или два дена може да убие 90 отсто или 100 проценти од животните во дадена област – предупреди Неира.
февруари 18, 2026

