Connect with us

Свет

Лагард наводно пред време ќе замине од функцијата претседателка на ЕЦБ

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на неименуван извор објави дека претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард подготвена е пред време да ја напушти функцијата.

Според весникот, таа ќе се повлече пред француските претседателски избори, што се закажани во април 2027 година. Нејзиниот осумгодишен мандат истекува во октомври 2027 година.

Одлуката за нејзиното повлекување е политички мотивирано односно ќе им овозможи на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц да го надгледуваат именувањето на нејзиниот наследник. На тој начин лидерите на двете водечки економии во ЕУ ќе можат да ја обликуваат иднината на европската монетарна политика.

Според истражувањето на „Фајненшл тајмс“ во декември мината година, како можни наследници на Лагард се наведуваат поранешниот гувернер на Централната банка на Холандија, Клас Кнот и поранешниот гувернер на Централната банка на Шпанија, Ернандес де Кос. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3