Филм
Компанијата „Ворнер брос дискавери“ во преговори за преземање на „Парамаунт скајденс“
Американската медиумска корпорација „Ворнер брос дискавери“ (Warner Bros Discovery) соопшти дека ќе ги продолжи преговорите за можна аквизиција на „Парамаунт скајденс“ (Paramount Skydance) откога „Нетфликс“ ѝ даде рок од седум дена за разгледување на новата понуда – да ја откупи компанијата.
Од компанијата информираа дека ќе соработуваат со „Парамаунт скајденс“ детаљно анализирајќи ја понудата од 30 долари за акција, па потоа ќе ги прецизираат условите на евентуалниот договор. „Парамаунт скајденс“ соопшти дека нивната понуда за преземање на „Ворнер брос дискавери“ е финансиски поповолна од онаа на „Нетфликс“, кој претходно понуди 27,75 долари за акција.
Според договорот, „Нетфликс“ ќе го преземе филмското студио на „Ворнер брос дискавери“, кое ги вклучува франшизите „Хари Потер“, „Матрикс“ и „Казабланка“. Од друга страна, понудата на „Парамаунт скајденс“ предвидува целосно преземање на компанијата, вклучително и нејзините кабелски телевизиски канали. „Нетфликс“ соопшти дека очекува неговата понуда да добие зелено светло од антимонополските власти и оцени дека евентуалното спојување би донело придобивки за потрошувачите и креаторите.
„Обединувањето на ‘Нетфликс’ и ‘Ворнер брос дискавери’ ќе ја зајакне индустријата за забава, ќе ги зачува изборот и вредноста за потрошувачите и ќе им отвори повеќе можности на креаторите“, се наведува во соопштението на компанијата.
февруари 18, 2026

