Хроника
Измамен 18-годишник од Демиркаписко, наместо работа, добил долг од 215 илјади денари
На демиркапиец му ја фотографирале личната карта за да дели пакети за црква и да добие пари, но наместо тоа, измамник подигнал кредит во негово име. Ваква измама била пријавена во неготинската полиција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера, во 9.45 часот, во ОВР Неготино, 18-годишник од Демиркаписко пријави дека во октомври или ноември 2025 едно машко лице во Неготино му ја зело и му ја фотографирало личната карта со изговор дека е потребно во постапка за делење пакети за црквата за што би добиле паричен надомест, но до пријавувањето не бил повикан да дели пакети, ниту добил пари, и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување кредит во финансиско друштво – појаснија од СВР – Велес.
Имено, како што додадоа од таму, тој во меѓувреме добил писмо од финаниско друштво за отплата на кредит подигнат на негово име во висина од 215.731 денар за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта. Се преземале мерки за расчистување на настанот.
февруари 18, 2026

