Свет
Дипломатијата заснована на правда и сила ќе биде поефикасна, изјави Зеленски пред новиот круг мировни преговори
Пред почетокот на преговорите во Женева за прекин на војната во Украина украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дипломатијата ќе биде поефикасна кога ќе се темели на правда и сила.
„Силата на притисокот врз Руската Федерација – притисок од санкции и стабилна, брза поддршка за украинската армија и нашата воздушна одбрана“, напиша тој на социјалните мрежи.
Руските и украинските преговарачи веќе пристигнаа во Женева, каде што, со посредство на американска делегација, ќе одржат нов круг преговори за прекин на војната.
февруари 18, 2026

