Свет
Лидерите на ЕУ на состанок во Брисел ќе бараат начин да ја направат Европа помалку зависна од Трамп
Лидерите на ЕУ ќе одржат состанок денеска во замокот Алден Бизен во белгискoто село Ријховен за да разговараат како да ја направат Европа поконкурентна и помалку зависна од Америка за време на мандатот на Доналд Трамп.
Намалувањето на бирократијата ќе биде главна тема на дискусија, а в среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека земјите членки на ЕУ се виновни за прекумерните правила, а не само Брисел, пишува „“Политико“.
„Ако го погледнете последниот Евробарометар, секој граѓанин во секоја земја ги наведе трошоците за живот и достапноста како своја грижа број еден. Затоа сите наши мерки мора да бидат насочени кон решавање на тоа прашање. Ако не го сториме тоа, губиме легитимитет и кредибилитет“, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во пресрет на состанокот.
Таа исто така рече дека ЕУ мора да се грижи за заштедите и инвестициите и истакна дека на блокот му недостигаат доволно инструменти за да ги претвори заштедите во економски раст. Мецола рече дека премногу бариери спречуваат парите и капиталот слободно да се движат меѓу земјите членки.
февруари 12, 2026

