Connect with us

Вести

Филков: Барањата од ДУИ се националромантичарски теми од минатиот век

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ дека ќе бараат негова кривична одговорност поради неможноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Тој оцени дека ваквите барања се „националромантичарски теми“, кои, како што рече, им припаѓаат на политичари од минатиот век.

– Сметам дека националромантичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително на стабилност, просперитет и владеење на право, сѐ останато ќе биде оставено на тажната страна на историјата – изјави министерот по 18. сесија на работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во рамките на Националната конвенција за ЕУ што се одржува денеска.

Во однос на изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека министерот за правда би можел да биде меѓу функционерите кои ќе бидат засегнати од реконструкција на владата, Филков возврати дека владеењето на правото ќе важи за сите.

– Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не. До тогаш владеењето на правото и почитувањето на Уставот ќе важат за сите – рече Филков.

Запрашан дали се можни измени на законите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, министерот кусо одговори дека „во моментов таква можност нема“,

На прашањето за тоа каде затајуваме бидејќи извештаите покажуваат дека корупцијата во државава е голема, Филков истакна дека очекува „новите законски решенија многу скоро да донесат прогрес“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3