Connect with us

Вести

Српското МВР со детали за киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски

 Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски. 

-Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по потера по возило во кое двајца, засега непознати, сторители го киднапирале Д.К. (43) под закана со нож и пиштол во раните утрински часови во Белград, на улицата Караѓорѓева и му изнудувале пари, наведеното возило е запрено на територијата на општина Рума, во кое жртвата е пронајдена со врзани раце, додека сторителите успеале да го напуштат возилото и да заминат во непознат правец, се наведува во соопштението.

Според српското МВР, на Даниел Кајмаковски му е укажана лекарска помош, на местото на настанот е спроведена истрага, а полициските службеници ја продолжиле потрагата по сторителите.

Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува кривичното дело како – киднапирање, а интензивна работа за понатамошно расветлување на кривичното дело е во тек

Маркетинг
Ad 4
Ad 1