Connect with us

Општини

„Безбеден град“ во Куманово: 24 прекршоци за минување на црвено, 31 за брзо возење

Системот „Безбеден град“ констатирал 24 прекршоци за минување на црвено светло во Куманово, а 31 прекршок за возење со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР.

– Во текот на вчерашниот ден системот „Безбеден град“ за минување на црвено светло-констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24. За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите. Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци, соопшти денеска МВР.

Претходно, од СВР Куманово, информираа дека подрачјето на Куманово, лани, биле изречени 889 платни налози за управување возило со брзина поголема од дозволената, 1.007 за недозволено паркирање, 29 поминување на црвено светло и 364 нерегистрирани возила. Од СВР Куманово наведуваат дека во иднина е предвидено надградување на системот и поставување нови камери и функционалност на камерите за детектирање сообраќајни прекршоци.

– Доколку граѓанинот смета дека не го сторил прекршокот, има можност да поведе постапка пред судот за прекршоци, при што МВР ќе ги достави сите докази со кои располага и судот е надлежен да се произнесе за исходот од постапката, брифираа претходно од полицијата. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3