Connect with us

Скопје

Протестен марш „Стоп за Цементара“, посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот, во централното подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, маршрутата на движење почнува пред Владата на булеварот Илинден, продолжува десно по булеварот ВМРО, по што учесниците ќе се движат по улицата Васил Главинов, потоа „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, сѐ до Собранието. Маршот ќе заврши на улицата Филип II Македонски пред Министерството за животна средина.

Од СВР Скопје најавуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување и регулирање на сообраќајот на засегнатите локации.

Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено и безбедно одвивање на протестот и сообраќајот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1