Connect with us

Општини

Неготино ќе го имплементира „Безбеден град“ оваа година, најави градоначалничката

Неготино ќе го имплементира проектот „Безбеден град“ оваа година, потврди попладнево за МИА, градоначалничката Марија Нацева.

Таа подвлече дека во општината од која потекнува Фросина, која загина во сообраќајна несреќа во Скопје пред една година, има морална и институционална обврска, да се зачува споменот на неа, но и активно да се работи на тоа, вакви трагедии никогаш да не се повторат. Таа истакна дека безбедноста е врвен приоритет и дека се инвестира во превенција, за посигурен живот.

Нацева информираше дека вчера присуствувала на хуманитарниот настан „Конци на светлината“, во Скопје, организиран од страна на Фондацијата „Фросина Кулакова“.

– Овој настан, исполнет со многу емоции, е посветен на нашата сограѓанка, прерано изгубениот живот на прекрасната дизајнерка Фросина Кулакова, чие име денес е симбол на борбата за поголема безбедност и хуманост, нагласи таа.

Притоа соопшти дека Општина Неготино ќе потпише меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“, со што, како што рече, директно се вклучува во поддршка на нивните активности и цели.

– Учествувавме на хуманитарната аукција организирана во рамките на настанот, чии средства се наменети за благородните каузи на фондацијата, сподели неготинската градоначалничка. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4