Connect with us

Свет

Сирискиот претседател пристигна во Москва

Претседателот на Сирија, Ахмед ал Шара денеска пристигна во Москва каде ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин со кого ќе разговараат за военото присуство на Русија во Сирија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека двајцата лидери исто така ќе разговараат за економската соработка и ситуацијата на Блискиот Исток.

– Ќе има руско-сириски преговори во формат на работен ручек, како и посебна средба меѓу претседателот и Ал Шара, рече уште портпаролот.

Русија беше клучен сојузник на поранешниот претседател на Сирија, Башар ал-Асад, кој беше соборен од власт од исламистичката коалиција на Ал Шара во декември 2024 година, по граѓанската војна која траеше повеќе од една деценија.

Песков одби да ги коментира информациите во некои медиуми дека новите власти во Сирија водат преговори со Москва за екстрадиција на Асад, кој е во егзил во Русија.

– Не ја коментираме темата за Асад, изјави тој.

Ал-Шара се состана со Путин во Москва на 15 октомври минатата година, што беше негова прва посета на Русија откако ја презеде функцијата по соборувањето на Асад.

Асад, кој беше лидер на Сирија речиси 25 години, избега во Русија на 8 декември 2024 година, со што заврши режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4