Connect with us

Хроника

Претреси во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога, приведени пет лица

СВР Тетово информира дека рано утринава околу 6 часот и 40 минути, пет луѓе од тетовска Брвеница се лишени од слобода, откако по претреси со судска наредба се најдени дрога и оружје.

Според СВР Тетово, извршени се претреси во Брвеница, во куќи, помошни простории и патнички возила, а врз основа на претходно издадена судска наредба.


-Полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишија од слобода И.Ј.(43), С.З.(36), Д.П.(69), Д.П.(65) и С.З.(42), сите од село Брвеница. При тоа, кај И.Ј. се пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, два куршуми од пиштол непознат калибар и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З.(36) се пронајдени и одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Кај Д.П.(69) се пронајдени и одземени пиштол кој го поседувал без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол кои ги поседувал со дозвола. Кај Д.П.(65) се пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери и околу 31640 евра, 3400 швајцарски франци и 56500 денари. Кај С.З.(42) е пронајдена бела прашкаста материја, информира СВР Тетово. 


Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4