Connect with us

Општини

Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој почнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат

Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински ја посети Општина Лозово. Во текот на посетата министерот Перински оствари средба со градоначалникот Бошко Цветковски и со членовите на Советот на Општината, на која се разговараше за клучните активности на Министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и развојни планови на Општина Лозово, насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Перински нагласи дека неговата цел, како што се покажа и изминатиот период, е да биде присутен на терен и директно да ги слушне потребите на општините. На средбата стана збор и за воспоставениот ресурсен центар преку кој општините може да обезбедат поддршка за полесно и поефикасно водење на клучните процеси.

Во рамките на посетата беше извршен и увид на два проекта:

„Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2411 во населеното место Лозово“ и „Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2055 во населеното место Лозово“, кои се финансирани преку програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година. Вкупната вредност на проектите изнесува 6.171.976 денари.

Преку овие проекти граѓаните на општина Лозово добија ново детско игралиште, современо осветление, урбана опрема и партерно уреден јавен простор пред општинската зграда, со што се добива нов простор за дружење и секојдневни активности.

Министерството за локална самоуправа продолжува со средби и поддршка на општините во насока на рамномерен и одржлив локален развој.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2