Connect with us

Фудбал

ЛШ: Голманот Трубин ја однесе Бенфика во плејофот со гол во последната секунда, Наполи елиминиран

Последното коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) донесе вечерва драматичен расплет во битката за место во плејофот во кое Бенфика се протна со гол што во последната секунда го постигна голманот Анатолиј Трубин за триумф над Реал Мадрид од 4-2.

Кога веќе преостанатите 17 натпревари од осмото коло беа завршени, длабоко во судиското продолжение на дуелот во Лисабон составот на Жозе Мурињо имаше двајца фудбалери повеќе на теренот, поради исклучувањата на Асенсио и Родриго, и водство од 3-2, но му беше неопходен уште еден гол за да се искачи на 24. место, последното кое обезбедува плејоф.

Бенфика го имаше последниот напад кога Трубин тргна кон противничкиот гол и биеше прецизно со глава по изведениот слободен удар за еуфорично славје на стадионот „Луж“.

Наполи го заврши настапот во ЛШ, откако загуби на домашен терен од Челзи со 3-2 во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во почетниот состав и остана на теренот до 75 минута.

Директен пласман во осминафиналето обезбедија првопласираниот Арсенал со максимални 24 бодови, како и Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити, додека во шеснаесетфиналето од плејофот ќе играат Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Бодо Глимт и Бенфика.

Резултати – 8 коло:

Ајакс – Олимпијакос 1-2

Арсенал – Каират 3-2

Атлетик Билбао – Спортинг 2-3

Атлетико Мадрид – Бодо Глимт 1-2

Барселона – Копенхаген 4-1

Баер Леверкузен – Виљареал 3-0

Бенфика – Реал Мадрид 4-2

Борусија Дортмунд – Интер 0-2

Клуб Бриж – Марсеј 3-0

Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0-2

Ливерпул – Карабах 6-0

Манчестер сити – Галатасарај 2-0

Монако – Јувентус 0-0

Наполи – Челзи 2-3

Пафос – Славија Прага 4-1

ПСЖ – Њукасл 1-1

ПСВ – Баерн Минхен 1-2

Унион Сент Жил – Аталанта 1-0.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1