Connect with us

Хроника

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“, соопштија денеска од МВР. 

Како што се наведува во полициското соопштение, пријавената во периодот од март до септември 2024 година во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата.

– На тој начин на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенциона форма за направените активации и обнови, се наведува во соопштението.

Се додава дека на месечните пописи кои биле правени во продажниот салон во Гевгелија свесно било прикриено дека фали трговска стока, со што пријавената причинила имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2