Connect with us

Општини

Конкурс за најдобра истражувачка сторија во 2025 објави Македонскиот институт за медиуми

Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објави 25. конкурс за најдобра истражувачка сторија на годината. На конкурсот за новинарската награда „Никола Младенов 2025“ може да се пријават сите новинари што професионално работат во медиумите или со нив соработуваат како фриленсери.

– Пријавените стории треба да бидат објавени во текот на 2025 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во Република Северна Македонија. Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу три теми, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози – соопшти МИМ.

Конкурсот е отворен до 17 февруари 2026. Ќе бидат доделени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија.

Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на МИМ: https://mim.org.mk/novosti/6627-novinarski-nagradi-nikola-mladenov-2025/ 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1