Connect with us

Фудбал

Лапорта разочаран од заминувањето на Дро

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, проговори за заминувањето од клубот на Дро Фернандез.

– Непријатна ситуација. Имавме друг договор, но неговиот агент рече дека не можеме да го почитуваме, изјави Лапорта.

Претходно беше објавено дека 18-годишниот фудбалер од средниот ред е блиску до трансфер во ПСЖ.

– Ќе коментираме за ова кога сè ќе биде финализирано. Тој објави дека нема да остане. Беше неочекувано. Се договоривме за друго решение за иднината на Дро кога ќе наполни 18 години, и за наше изненадување се случи ова. Ќе се обидеме да се осигураме дека сè ќе биде во најдобар интерес на Барса, додаде Лапорта.

ПСЖ ќе ѝ плати на Барселона осум милиони евра за Дро, повеќе од клаузулата за негово ослободување.

Според Фабрицио Романо, трансферот на 18-годишниот играч од средниот ред ќе се заврши по денешните медицински прегледи.

Францускиот клуб ќе плати повеќе од клаузулата за ослободување на играчот која изнесува шест евра, за да ги влоши односите со Каталонците

Маркетинг
Ad 2
Ad 4