Connect with us

Свет

Момче почина од струен удар откако се обидело да земе електронска цигара која му паднала на шините во метро станица во Берлин

Едно момче починало од струен удар на станица на метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА.

Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на шините под воз кој стоел.

Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото место.

Портпаролот на германската полиција изјави дека возовите не се секогаш на шините, бидејќи понекогаш се привремено паркирани на станиците на метрото. Сепак, шините можат да останат под напон, што претставува ризик од струен удар доколку се допрат. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1