Connect with us

Забава

Маскирани мажи во Хрватска ја „бркаат“ зимата: Ритуал кој се изведува секоја година

Во селото Гљев, под падините на планината Камешница во Хрватска, постои необична и впечатлива традиција. Карневалското здружение Диди од Камешница, составено од маскирани мажи, изведува ритуал со кој ја брка зимата.

Тие приредуваат настап што вклучува удирање во ѕвона, извикување и танцување, одејќи  од куќа до куќа, со цел да ја истераат зимата и да донесат успешна и плодна година. Здружението, секој јануари тргнуваат во потрага по младоженец за својата бремена „невеста“ посетувајќи ги домовите на мештаните и уживајќи во храната и пијалаците, сè додека домаќинот не им соопшти дека во куќата нема младоженец. И да не го запознаат „идниот“ зет, нивната потрага продолжува до крајот на селото, започнувајќи ја одново секоја година истата традиција. 

Ваквиот годишен карневал се смета за една од најнеобичните обреди за испраќање на зимата во Средна Европа, а неговото потекло останува непознато. Според Анте Гулиќ, претседател на здружението, станува збор за пагански обичај кој со текот на времето е прифатен во христијанството.

-Ѕвонарите ја бркаат мрачната зима и ги најавуваат подобрите денови, изјави Гулиќ.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4