Connect with us

Фудбал

Брера Струмица се засили со репрезентативец на Малави

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица ги засили своите редови пред стартот на пролетниот дел од сезоната во домашното првенство со репрезентативецот на Малави, Јан Коуаку.

Дваесетишестгодишниот центарфор, како што соопшти Брера, веќе му се приклучил на тимот на подготовките во турска Анталија.

Коуаку, кој е роден во Брегот на Слоновата коска, а поседува француски пасош, во ноември лани дебитираше за репрезентацијата на Малави.

Во таборот на Брера доаѓа од Еуропа Поинт од Гибралтар, а претходно во кариерата настапуваше за екипи од Франција, Австрија, Италија, Андора, Полска, Шведска и Романија.

Коуаку е второто засилување на Брера во зимскиот преоден рок по 22-годишниот поранешен младински репрезентативец на Хрватска, Леонардо Петровиќ.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2