Свет
Американската морнарица заплени уште еден танкер во Карипско Море
Американската морнарица денеска заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад. Тоа е петта американска акција во изминатите неколку недели.
Танкерот Олина претходно исплови од Венецуела, а потоа се врати во регионот, каде беше пресретнат од американската морнарица. Танкерот пловел под лажно знаме на Источен Тимор.
Американската морнарица пред два дена зазеде танкер што пловеше под руско знаме, а е поврзан со Венецуела.
По соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери, против кои се воведени санкции да влезат или да ги напуштат територијалните води на јужноамериканските земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
јануари 10, 2026


