Connect with us

Сцена

Озлогласената вила на Диди повлечена од продажба

Додека отслужува четиригодишна затворска казна, американскиот рапер Шон Диди Комбс ја повлече својата озлогласена вила за забави во Лос Анџелес од пазарот, откако по повеќе од една година не успеа да најде купувач.

Како што пренесува порталот „Кликс“, раперот кој неодамна поднесе жалба тврдејќи дека неговата казна е прекумерна и дека Судот ја поништил одлуката на поротата, се трудеше да најде купувач за куќата во којашто бил домаќин на бројни познати личности, на дел од контроверзните секс-забави. Записите за недвижности добиени од „Реалтор“ (Realtor .com) покажуваат дека вилата е отстранета од продажба на 24 декември, со што се заврши еден обид за продажба на куќата, последно проценета во вредност 61,5 милиони американски долари.

Одлуката се случува околу два месеци откако Диди беше осуден на четири години затвор за принудна проституција. Не е соопштена причина за отстранувањето на куќата од продажба.

Вилата со 10 спални соби и 13 бањи, што поранешниот музички могул ја купил за 39 милиони долари во 2014., стана широко позната во март 2024 година, кога агенти на Националната агенција за безбедност ја претресоа како дел од истрагата за трговија со луѓе. Неговиот имот во Мајами, исто така, беше претресен за време на истрагата.

Домот во елитната населба Беверли Хилс првично беше објавен на продажба во септември 2024. од страна на агентот за недвижности на познати личности Курт Рапапорт, само неколку дена пред Диди да биде уапсен во Њујорк по повеќе федерални обвиненија.

Во месеците по неговото апсење, се појавија детали за доказите наводно пронајдени во вилата што обвинителите велеа дека била користена како место за неколку тн. „фрик оф“ забави, за коишто раперот беше обвинет за наводна злоупотреба на жени. За време на судењето, на поротниците им беа прикажани фотографии од докази откриени за време на рациите во домовите на Диди во Флорида и Калифорнија. На сликите од имотот, според истражителите, били пронајдени повеќе видови оружје, секс-играчки, бебешко масло, како и дрога.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4