Connect with us

Политика

Стојановски: Буџетот за 2026 година ни носи силен инфраструктурен циклус, подобри патишта, нова енергетска инфраструктура, модерни училишта, обновени болници

Овој Буџет не е само финансиска конструкција, туку стратегија, визија и јасна определба дека Македонија како држава може и мора да оди напред. Во време на глобални економски турбуленции, овој Буџет одржува фискална дисциплина, го намалува дефицитот и го држи јавниот долг во безбедни рамки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, на денешната седница во македонското Собрание, на која се дискутира за Предлог-буџетот за следната 2026 година.

Додаде дека тоа е јасен и непобитен доказ дека Владата има план, има стратегија и има стабилен курс кон развој, како и економски раст, поддршка за компаниите и нови работни места.

„Буџетот за 2026 година ни носи и силен инфраструктурен циклус, подобри патишта, нова енергетска инфраструктура, модерни училишта, обновени болници, нови водоводи и канализациони системи за граѓаните. Тоа се реални проекти коишто ќе донесат поубав и поквалитетен живот на граѓаните. Буџетот ги зајакнува и програмите за социјална помош, ги штити пензионерите со зголемување на пензиите и носи нови мерки за младите и студентите“, рече Стојановски.

Посочи дека ова е шанса за вистинска социјална сигурност со зголемување на овие средства за образование и здравство.

„Владата покажува дека и таму не штеди и таму е местото од каде што државата и најмногу добива. Во Буџетот се планираат и пари за модерни училишта и за зајакнување на здравствениот систем и тоа е чекор напред кон европски стандарди. Во Буџетот се вградени механизми за контрола, отчетност и транспарентност, секој денар има своја цел, а граѓаните имаат право да знаат секогаш каде се трошат нивните пари. Владата тоа го гарантира со овој Буџет“, истакна, меѓу другото, пратеникот Стојановски.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2