Connect with us

Технологија

„Блу ориџин“ повторно ќе се обиде да ја лансира ракетата „Њу Глен“

Американската компанија „Блу ориџин“ соопшти дека денеска ќе се обиде повторно да ја лансира својата ракета „Њу Глен“, којашто ќе носи два сателити на НАСА за проучување на временските услови на Марс, откако претходното лансирање беше постојано одложувано поради облачно небо и геомагнетна бура предизвикана од зголемена сончева активност.

Ракетата „Њу Глен“, 32-катно високо, двостепено летало за тежок товар, првично беше закажано да полета во неделата, на мисија за испорака на сателити на НАСА на Марс. Новото време на лансирање е закажано за попладне, во рамките на 90-минутен временски прозорец чијшто почеток е на неколку минути пред 15 часот по локално време, соопшти компанијата на својата интернет-страница. Центарот за предвидување на вселенското време на САД предвиде дека ризикот од сончева активност денеска ќе биде значително помал.

Летот е откажан поради густи облаци, а потоа повторно – вчера, по предупредување за силна геомагнетна бура предизвикана од бран честички со висока енергија исфрлени од големи ерупции на сонцето, познати како „коронални масовни исфрлања“, се наведува.

Зголемената сончева активност, исто така, предизвика Северната светлина (Аурора бореалис) да биде видлива низ делови од Северната Полутопка оваа недела.

Интензитетот на бурата во среда беше измерен на „Г-4“ (силно), што е ниво под највисокото „Г-5“ (екстремно). Се очекува активноста денеска да се намали. Геомагнетните бури можат да ги нарушат радио-сателитските комуникации и да го зголемат триењето во орбитата на Земјата, што доведе, на пр., до оштетување на 40 сателити на „Спејс-Икс старлинк“ во 2022 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3