Connect with us

Свет

Владата на Чешка ќе поднесе оставка

Владата на коалицијата на десниот центар на премиерот Петр Фијала денеска ќе поднесе оставка, по поразот на парламентарните избори на 3 и 4 октомври.

Претседателот на Чешка, Петр Павел ќе му додели на Фијала мандат да ја води земјата сè додека не се именува нова коалициска влада, најверојатно составена од популистичка партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот премиер Андреј Бабиш, радикалните националисти Слобода и директна демократија (СПД) и маргиналната евроскептична конзервативна партија Мотористи.

Согласно чешките закон, ако Бабиш сака да биде премиер ќе мора да ја продаде својата компанија Агроферт и да нема никакво влијание врз нејзината работа. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2