Connect with us

Свет

Сенаторот Кенеди предлага закон: Не треба да примаме плата, за да ја почувствуваме истата болка како и луѓето на кои не им плаќаме!“!

Републикански сенатор Џон Кенеди сака да ги спречи членовите на Конгресот да примаат плати, бидејќи и федералните работници остануваат без плата поради т.н. „затворање на владата“ што се случи откако демократите во Конгресот спречија да се продолжи финансирањето на владините служби до крајот на годината.

Како што „затворањето“ влезе во својот 35-ти ден, федералните вработени, контролорите на летање и другите вработени или не добиле плата или таа им била исплатена само во делумна сума.

Но, според уставните одредби на САД, членовите на Конгресот примаат плата, дури и ако владата е во т.н. „shut down“. Некои членови на Конгресот изјавија дека ќе се откажат од примањата, додека други предлагаат закон за да ги спречат своите колеги да примаат плата.

Така, сенатор Џон Кенеди, републиканец од Луизијана, има два предлог-закона со кои пратениците ќе останат без плата се додека владата е „затворена“.

„Моите закони гарантираат дека Конгресот ќе ја почувствува истата болка како и луѓето на кои не им плаќаме – нашите војници, контролори на летање и федерални работници. Ако не можеме да си ја работиме работата и да ја финансираме владата, не заслужуваме плата – едноставно и јасно“, рече Кенеди во изјава пренесена од „Фокс њуз диџитал“.

Со првиот закон, Кенеди бара членовите на Конгресот да останат без плата, се додека без плата се и федералните службеници. За да го надмине уставното ограничување во оваа смисла, тој предлага и втор закон – „закон за задржување на платите на членовите за време на затворањето“. Со тој закон би се надминал уставниот амандман 27 според кој Конгресот не може да донесе закон што влијае на платата на членовите за време на тековниот конгресен мандат. Со овој закон се предвидува платите да бидат задржани на посебна сметка, што значи дека би се исплатиле, но не би легнале на сметка на членовите на Претставничкиот дом.

Ова е поддржано и од Брајан Стил, републиканец од Висконсин, кој во изјава за Fox News Digital рекол:

„Ако припадниците на службата, мажите и жените од федералната полиција и другите вработени работат без плата за време на затворањето, и членовите на Конгресот не треба да бидат платени“.

Потоа, тука е и уставниот амандман предложен од сенаторот Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, со кој се бара од пратениците да останат без своите плати. Тие пари потоа би биле префрлени до Министерството за финансии на САД за да се помогне во отплатата на националниот долг. За да биде усвоен уставниот амандман потребни се гласовите на две третини од Претставничкиот дом и Сенатот, а потоа е потребна ратификација и од три четвртини од државите.

Инаку, членовите на Когресот заработуваат 174.000 долари годишно.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2