Политика
Андоновска: СДС под контрола на Заев и Филипче ја уништија партијата, време е за вистинска опозиција
По катастрофалните резултати од изборите, повеќе нема дилеми дека СДС е во целосен пад. Трета партија во државата и петта во Скопје.
Ова не е случаен резултат. Ова е директна последица на раководството на СДС и Венко Филипче, кој очигледно и натаму работи под диригентската палка на Зоран Заев.
Филипче, наместо да ја реформира СДС, ја претвори партијата во негов приватен проект под влијание на Заев. Народот го препозна тоа и ги казни.
Со само шест освоени општини, едвај 126 илјади гласови и околу 230 советници, СДС го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја.
И по овие резултати, во СДС нема ниту реформи, ниту одговорност. Само лажни искази дека ја примиле пораката и дека ќе има промени. Затоа, време е СДС да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине, партијата мора конечно да се дистанцира од Зоран Заев и да направи вистински реформи.
Македонија и ВМРО-ДПМНЕ мора да имаат опозиција која ќе биде конструктивна, одговорна и ќе придонесува за државата, а не арогантна и деструктивна партија која мисли само на личните интереси.
ноември 6, 2025

