Connect with us

Општини

Над 700 учесници на ноќната атлетска трка на Широк сокак во Битола

Повеќе од 700 учесници, ученици од основните и средните училишта, но и студенти, граѓани рекреативци и спортисти, и ветерани се појавија на синоќешната празнична ноќна атлетска трка  во Битола.

Натпреварувајќи се во 24 категории, во машка и женска конкуренција, учесниците ја продолжија традицијата, стара 67 години, беше истакнато на спортската манифестација организирана во чест на празникот на градот.

-Манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани. Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола, истакна градоначалникот Тони Коњановски и додели награди за најдобрите учесници на синоќешната атлетска трка во тој град.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2