Општини
Охрид ја формираше новата локална власт, доделени мандатите на градоначалникот и на советниците
																								
												
												
											Со примопредавање на уверенијата за мандати на градоначалникот и на советниците денеска во Охрид беше формиран новиот состав на локалната самоуправа.
Градоначалникот Кирил Пецаков кому граѓаните на одржаните Локални избори му го доделија вториот мандат во ова прилика изјави дека започнува реализацијата на десетте нови капитални проекти, како и финализирањето на четирите преостанати од првиот мандат.
– Станува збор за сериозна промена на она како ние го перципираме Охрид, првично за охриѓани, а и сите оние кои доаѓаат да уживаат во убавините на Охрид. Пред нас следува инвестициски период кој верувам дека ќе заврши успешно, односно за многу работи за кои охриѓани разговарале, побарувале и биле насушна потреба ќе се остварат, ќе се завршат. Охрид не само што ќе изгледа поинаку, туку ќе има и многу подобри услови за живот на сите кои се тука во самиот град, но и на туристите, рече Пецаков.
Мандатите беа доделени и на народните избраници од новиот состав на Советот на општината. Во Советот мнозинство имаат советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата со 13 мандати, СДСМ има пет, ЗНАМ два и по еден мандат имаат партијата Левица, листата на Демократската партија на Турците и на Група граѓани Р. Хода
ноември 4, 2025
											
											
											
								
								
