Connect with us

Општини

Меља: Победата му припаѓа на Дебар

Новиот градоначалник на Дебар, Фисник Меља, кој беше кандидат на ВРЕДИ поддржан од ВМРО ДПМНЕ, попладнево преку објава на Фејсбук им се заблагодари на жителите на оваа општина за поддршката и победата во вториот круг од гласањето.

– Од срце им се заблагодаруваме на сите граѓани на Дебар, на секое семејство, на младите, жените, повозрасните, и пред сè на нашата почитувана дијаспора, која беше нашата сила и инспирација на овој пат.
Оваа победа не е само на Фисник Меља, туку победа на секој дебарчанец што веруваше дека промената е возможна, за секој дебарчанец што гласаше со срце, за работа, развој, достоинство и за иднината на нашиот град и општина. Победи заедничкиот успех на граѓаните, на дијаспората и на секое срце што веруваше во Дебар, стои во објавата.

Порачува дека за Дебар започнува ново поглавје, со доверба, транспарентност и визија.

– Благодарност до секој што придонесе, се ангажираше и веруваше. Заедно ќе го направиме Дебар пример за успех, работа и единство. БЛАГОДАРАМ, наведува Меља.

На вчерашниот втор круг на гласање за градоначалник, тој , доби поддршка од 4369 граѓани, додека неговиот против кандидат, Рамадан Имери, кој беше независен кандидат, освои 3674 гласови.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2