Connect with us

Хроника

Возачот кој синоќа прегази жена на пешачки кај „Јосип Броз“ е уапсен кај Средно Водно

Возачот кој вчера прегази жена на пешачки премин во центарот на Скопје и побегна е уапсен на локалниот пат за Средно Водно. Жената е тешко повредена.

На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од полицијата.

Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А., додаваат од полицијата.

Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3