Connect with us

Општини

Во Неготино излезеност од 55.07 отсто до 18:30 часот, во Демир Капија 72.64, во Росоман 77.5 проценти

Во Неготино излезеноста е 55.07  отсто до 18:30 часот, во Демир Капија 72.64 , во Росоман 77.5 проценти. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, во Демир Капија на 11 и во Росоман се спроведува вториот круг од локалните избори на 10 избирачки места. 

Неготинци избираат меѓу Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Петар Мантев од СДСМ. Во Демир Капија се бира меѓу досегашниот градоначалник, Лазар Петров од СДСМ и Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ. Росоманци може да го дадат гласот за досегашниот градоначалник, Стојан Николов од СДСМ или за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски. 

Како што информираат од општинските изборни комисии за МИА, во Неготино право на глас имаат 15.902, во Демир Капија 3.186, а во Росоман 3.295 лица. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг