Connect with us

Општини

Во Кавадарци доделени уверенија за мандатите на градоначалникот и советниците во Совет на Општината

Општинската изборна комисија денеска ги додели уверенијата за мандатите на градоначалникот и советниците во Совет на Општина Кавадарци. 

– За мене е ден со посебна симболика. На истиот ден кога го прославувам мојот 44. роденден, ја добив и официјалната потврда, уверението за трет мандат како градоначалник на Кавадарци од страна на Општинската изборна комисија. Овој ден е потсетник дека ништо не е случајно. Довербата што граѓаните повторно ми ја дадоа е најголемата чест и најголемата одговорност. Заедно со советниците кои се дел од истата визија и идеја, продолжуваме уште посилно, со уште повеќе работа, дела и резултати, напиша градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук. 

Тој изрази благодарност за поддршката и довербата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг