Connect with us

Општини

Суат Шаќиров го доби решението за прв мандат за градоначалник на Општина Чашка

Во  организација на Општинската изборна комисија Чашка во просториите на  Општина Чашка, на Суат Шаќиров, кандидат на ДУИ, кој беше победник во првиот круг од Локалните избори 2025, од страна на претседателот на ОИК Ридван Лимани, попладнево свечено му беше врачено решението за прв мандат од четири години за градоначалник на Општина Чашка.

Воедно решенија им беа врачени на 10 од вкупно 11 советници, а еден беше отсутен. Новиот состав на Советот го сочинуваат шест советници на ДУИ, тројца од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и двајца од СДСМ и Коалицијата.

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чашка Суат Шаќиров во изјавата дадена попладнево за МИА, рече дека победил на фер и демократски локални избори 2025 уште во првиот круг.  Воедно потенцира  дека водел мултиетничка кампања и дека одел од „врата до врата“ кај сите семејства во населените места во Општина Чашка и разговарал со нив за нивните проблеми и потреби. Тој посочи дека дека кампањата ја водел двојазично, на македонски и албански јазик.

Новиот градоначалник Шаќиров потенцира дека денеска им упатил порака на сите новоизбрани советници, без разлика на партија и определба, со него да имаат добра соработка и заеднички да се договараат и да работат во интерес за подобар живот на сите жители на Општина Чашка.

Воедно на вработените во општинската администрација на Општина Чашка им порачал да работат посветено и професионално во интерес на сите жители во општината.

-За САД пред која година наназад не беше страшно што за претседател беше избран човек во боја. Јас не сум крив што сум се родил Албанец, јас ќе работам за сите жители во Општина Чашка и им гарантирам на сите жители дека ќе бидам еднаков за сите без разлика на вера и националност, порача новиот градоначалник на Општина Чашка, Суат Шаќиров. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг