Connect with us

Општини

Марко Колев го доби решението за втор мандат за градоначалник на Општина Велес

Во организација на Општинската изборна комисија денеска на Свечена седница во големата општинска сала Велес на Марко Колев му беше врачено решението за новиот – втор мандат, за градоначалник на Општина Велес, а беа врачени и решенијата на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес.

Колев упати благодарност до ОИК и сите вклучени институции за успешната организација на изборниот процес, како и до граѓаните кои на фер и демократски начин ја искажаа својата недвосмислена поддршка.

-Велешани Ви благодарам. На нас останува да го реализираме сето она што го ветивме и граѓаните го очекуваат, самостојно и во соработка со централната власт. Јас и понатаму ќе останам истиот човек кого можете да го сретнете во Општината, на спортски и културни настани, но и низ велешките улици, бидејќи Велес е мојот град, градот кој го сакам,  истакна Колев. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг