Connect with us

Општини

Малите семејни винарии имаат потреба од туристичка дигитална мапа и олеснувања при пријавување вински туристи

Малите семејни винарии имаат потреба од туристичка дигитална мапа и олеснувања при пријавување вински туристи. Ова беше подвлечено на денешната средба на претставници на мали семејни винарии во Кавадарци, а посветена на дигитализацијата во винарството. Станува збор за тематски регионален настан за мали и средни претпријатија. Присутните детектираа проблеми и разговараа околу можни дигитални решенија. Тие, исто како и лозарите кои се сретнаа претходно, имаа забелешки на одредени административни потешкотии. 

– Настанот е во насока на унапредување на конкурентноста на агро-прехранбениот сектор и забрзување на неговата дигитална трансформација, организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со INNOFEIT EDIH, беше споделено на настанот. 

Притоа беше подвлечено, дека главна цел е да се претстават можностите за воведување дигитални алатки и технологии што директно го подобруваат работењето. 

На средбата беше кажано дека проектот е финансиран од Европската Унија со вклучени и други факултети и компании, а со 50 проценти учествува и државата. 

Ненад Фидановски, експерт за ИТ и член на Управен одбор на Сојуз на стопански комори, појасни дека целта на проектот е да им се помогне на малите и средни претпријатија и организациите од јавниот сектор, да ја подобрат својата конкурентност и отпорност преку дигитални решенија. Тој посочи дека ова е нивната бесплатна влезна врата кон најновите европски дигитални иновации. Притоа подвлече дека целта на работилницата е заедно да се детектираат нивните најголеми предизвици и да ги претворат во конкретни дигитални проекти за аплицирање.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг