Хроника
Муниција пронајдена во возило, приведен скопјанец
Скопјанец бил лишен од слобода откако во возилото што го управувал, синоќа пронајдена била муниција, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
– Околу 20:35 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, по претходно добиени оперативни информации, сопреле возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А., 37-годишен скопјанец. При извршен преглед во возилото, пронајдени се 100 куршуми. Р.А. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од МВР.
октомври 31, 2025

