Connect with us

Хроника

Кумановка платила 2.000 евра за патување, но наместо билет добила молк од скопска туристичка агенција

Дваесет и осумгодишна жена од кумановско вчера пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците, наведуваат од Министерството.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг