Економија
Врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените.
– Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија, посочила Божиновска.
Според неа, обуките што се реализирани со поддршка од ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор.
– Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам, нагласила Божиновска.
октомври 28, 2025

